ВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUALВИЗУЕЛНОVISUAL
визуелна уметност & колажи visual art & collages
црно под ноктите
BLACK UNDER THE NAILS
изложба, 2024 exhibition, 2024
13.9.2024, кафе-книжарница „Буква“ bookbar "Bookva"
По одредено време на студирање на концептот на комбинацијата направена меѓу поетичното и визуелното, опипливото, почнаа да се расплетуваат нишките за целосно осознавање на позадината на „Црно под ноктите“, уметничка инсталација на Медиќ Лазаревски, кој, несомнено, успева да се нурне во посматрувачот и да заглода длабоко во спојот со посматруваното (...) концепт кој со своите форми од еден до друг дел на изразувањето, успева да создаде хаос, кој со себе го привлекува редот што постои во филозофскиот концепт на прикажаното. Особеностите на поврзувањето на дел од парчињата кои се прилепени, составени меѓусебно, успеваат да создадат еден по еден визуелен концепт кој ќе го ангажира посматрачот да ја продлабочи сликата, водејќи се од разиграноста на деловите. Иако јас како лично чувство ќе ја посочам и за овој концепт таа вангоговска статичност на нештата коишто се прикажани, особено, во спој со поетскиот дел, надоврзувајќи се едната со друга инсталација.
Андреј Анѓеловиќ




КОЛАЖИ ЗА СКОПЈЕ КОЛАЖ КОЛЕКТИВ
COLLAGES FOR SKOPJE COLLAGE COLLECTIVE
2024 2024


















