КНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГИBOOKSКНИГ
Беседење со неа Молитвени дискурси Црно под ноктите

01
беседење со неа
(поезија, 2021, Дата Песнопој)
„Поетскиот субјект, често е соочен со низа предизвици, посебно, ако станува збор за дело на млад автор, кој сѐ уште го истражува своето место под „поетското“ небо во нашите културни контексти. Меѓутоа, лирскиот субјект на Андреј Медиќ Лазаревски во оваа збирка како да пораснал низ своите стихови и се отвора кон читателот од една онтолошка перспектива, креирајќи јасен, недвосмислен и уникатен контекст. (...)“
Ана Стојаноска
02
Молитвени дискурси
(поезија, 2022, 2023 - второ, изменето и дополнето издание, ПНВ Публикации)
„Најавата од Насловот на збирката што читателот натаму ќе го сретне сведен на конкретна песна [Молитвен дискурс] ја добива својата оправданост и точност сѐ до последната страница. Дискурси, говорења, вербални обраќања, беседења, јазични облици, мимеса на говор, ритам и хармонија, настојување јазичните елементи да се скротат во нов, во свој систем што произведува значење на молитва кон Божеството; согледано, доживеано, почувствувано низ различните епифании и идентитети. Пишувањето е растајување и тогаш кога нема намера за отворање на Сокриените Одаи. Ова Пишување сака да растајува и да објавува дека Внатре има Нешто за кое има Отворено Прашање (...)“
Весна Томовска


„Еросот е поставен како седржечки двигател на циклусот, најден во просторот каде се спојуваат светото и профаното, духовното и телесното, како една дихотомна целост која постои заради своите спротивности, онака како што стветлината се познава заради мракот, а мракот постои заради светлината која го условува неговото нестанување и неговото настанување. (...)“
Софија Тодороска

03
ЦРНО ПОД НОКТИТЕ
(е-буклет, 2024, Култура Бета)
Црно под ноктите е концепт во кој авторот пробува да го втурни гледачот во „гнилото“, во „црното под ноктите“. Во тоа „гнило“ се наоѓаат темите како „потрагата“ по своето место во заедницата, личното и нелирско „јас“, уништувањето на природата, љубовта, еротското, потомството, стравот, смртта, миграциите. Дел од колажите се инспирирани и посветени на песни од поети и поетеси од домашната и светска книжевност (Сергеј Есенин, Жак Превер, Доналд Гарднер, Имануел Мифсуд, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска, Ива Петреска, Александра Спасеска, Васил Ханџиски, Милена Сиљаноска, Ангела Бошкоска, Дамјана Видическа (...) покрај дел од делата од изложбата, фотографии од настанот, ќе може да се прочитаат неколку песни од циклусот „Црно под ноктите“, како и неколку песни во проза од циклусот „Тие“.
од воведот на книгата